Вечер на „Охридско лето“ шпански и француски уметници

Во петок, 28 јули 2023 година, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот на Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија, ќе бидат домаќини на традиционалната Вечер на ЕУ на „ Охридско лето“. Настапот на познатиот шпански кларинетист Пабло Бараган и француската пијанистка Елоиз Бела Кон ќе се одржи во црквата Света Софија, во 21 часот.

Делегацијата на ЕУ ја поддржува организацијата на Вечер на ЕУ на реноминираниот фестивал седумнаесетта година по ред.

Го спонзорираше учеството на бројни европски уметници на Фестивалот, поттикнувајќи ја на тој начин меѓукултурната соработка и размена. Вечер на ЕУ беше промовирана во 2007 година со извонредниот настап на Барокниот оркестар на Европската Унија.

Претходна вестСпасовски: Идентификувани се напаѓачите во инцидентот во Чаир
Следна вестОрбан: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, потребен е итен прекин на огнот