Бугарски медиуми: Притворените навивачи на Левски се ослободени

Преку специјална акција, синоќа, преостанатите приврзаници на „сините“ успеале да ја набават потребната сума за плаќање на казните на приведените, кои се движат од 150 до 200 евра за лице. На фејсбук-страницата „100 години ‘Левски’ – Софија“ се наведува дека навивачите на „Левски“ биле држени речиси еден ден во полициските подрачни канцеларии во Северна Македонија под крајно мизерни услови.

– На навивачите не им се дава храна, а вода може да пијат само од чешмата во тоалетот“, се вели во објавата, каде што во прилог има фотографија од тоалет, кој наводно се наоѓа во станицата.

Од друга страна, БНТ во меѓувреме објави дека 11 приведени поддржувачи на клубот споделиле дека односот на управата кон нив бил добар – добиле храна и вода и можност да стапат во контакт со своите роднини.

За насилството пред и по натпреварот, приведени беа 19 навивачи од Република Бугарија поради нарушување на јавниот ред и мир. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници, кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. Околу полноќ полициските службеници приведоа и двајца навивачи на навивачката група на ФК „Шкупи“, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, информираа синоќа од МВР.

Претходна вестГрковска: Судскиот совет го изгуби кредибилитетот и не може да одговори на задачите
Следна вестПриведен насилник од Синѓелиќ, сакал да плати со фалсификувани пари, кога го одбиле почнал да крши