Тројца француски државјани повредени во Македонија

Тројца француски државјани се повредени во сообраќајка во Македонија. Тие излетале со автомобил од пат во близина на битолското село Кравари.

– На 10.08.2023 во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Р.Грција, во с.Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од M.В.O.Ц.(22) од Р.Франција, излетало од коловозот и удрило во столб. Во несреќата, сопатничката M.П.П.М.(25) се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката M.M.Б.(23), сите од Р.Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увидот изврши увидна екипа на СВР Битола.

Претходна вестРеномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“
Следна вестТепачка во Сарај меѓу две фамилии, се степале на роденден