Тројца пациенти починале, 109 новозаразени од вирусот

Во изминатово деноноќие во Македонија регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 од 1486 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Нови случаи се регистрирани во: Скопје- 40, Куманово- 10, Штип- 3, Прилеп- 12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци- 3 , Гостивар- 2, Струмица- 2, Крива Паланка- 2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница- 2, Делчево- 1, Свети Николе- 1, Кичево- 4, Ресен- 1 и Неготино- 1.

-Починат е пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите починале во болнички услови, се наведува во соопштението.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштија од министерството.

-Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208, наведува МЗ.

Претходна вестИзгоре автобус на автопатот Скопје – Св. Николе, возачот на време избегал
Следна вестКако да се избега од срамот за она што си го направивме на себе си?