Во четири скопски општини се поставени осум нови пунктови за вработените во ЈП „Комунална хигиена“ кои секојдневно ја одржуваат хигиената на јавните површини во Скопје и се изложени на најнеповолните климатски влијанија.
Целта е да им се создадат подобри услови за работа. А тоа е направено со замена на осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Центар, Аеродром, Чаир и Шуто Оризари со нови монтажни објекти.