„Џоинт за вакцина“ – што се им се нуди на граѓаните во САД за да се вакцинираат

Бесплатен џоинт ќе добијат возрасните во Вашингтон откако ќе се вакцнираат против корона вирусот.

Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина“ стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, објави Њујорк тајмс.

За луѓе постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт кога ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.

Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле друга доза.

Слична акција најави и сојузната држава Аризона.

Претходна вестТрулите шупи на работниците од „Комунална хигиена“ конечно заменети со нови контејнери
Следна вестЌе беше попаметно ако паметното осветлување на Шилегов почнеше пред 4 години