Ќе беше попаметно ако паметното осветлување на Шилегов почнеше пред 4 години

Во разни делови од Скопје често преку ден си свети уличното осветлување. Дали на некој од одговорните во Градот можеби често му се стемнува?

За среќа вчера на скопскиот градоначалник Петре Шилегов му светна и на онлајн обраќањето на Годишната конференција на зелените градови на ЕБОР се пофали и со Дигитална градска платформа. Односно, се пофали со тоа што Градот Скопје иницирал имплементација на системот за паметно осветлување и платформата Дигитален град, заснована врз најнапредните технологии. До која фаза е стасана оваа иницијатива, не кажа.

Сепак скопјани може да видат дека на крајот на четиригодишниот мандат на Шилегов светилки среде ден светат на разни места. Нели ќе беше попаметно ако паметното осветлување почнеше пред четири години?

Ама актуелниот систем на градско осветлување на кој со години му се случува уличните светилки да бидат запалени во сред бел ден која сонцето е јако, кога попладне се вклучуваат по час-два порано пред да се стемни од едноставна причина што на никој од надлежните не му текнува временски точно да ги наштелува склопките за вклучување, а што е лесна техничка работа… За тоа не треба дигитален град, само паметно планирање и работење. 

Секако, останува можноста дека можеби е и паметно да светат светилките и среде ден. Како на автомобилите.

Претходна вест„Џоинт за вакцина“ – што се им се нуди на граѓаните во САД за да се вакцинираат
Следна вест„Недела неработен ден“ оди на Уставен – за „Гласен текстилец“ тоа е манипулација