Македонски вакцина – туризам: Во Врање по „Синофарм“, во Ниш по „Фајзер“

Во спортската сала во Врање и денеска има голем број македонски граѓани за вакцинација, кои можат тоа да го направат без закажување.

Бесплатната вакцинација за македонските граѓани почна на 5 јуни и ќе продолжи во наредниот период, според Здравствениот центар во Врање. Оттогаш, според нивните податоци, вакцинирани се 2.218 граѓани, односно над 3.323 од почетокот на имунизацијата, што претставува повеќе од 10 отсто од вкупната вакцинација во Врање. Вчера, бројот на вакцинирани македонски граѓани беше 692 лица.

Поради гужвата деновиве, бројот на медицински работници во спортската сала е зголемен.

Нашите најмногу се вакцинираат со вакцините на „Синофарм“, а во помала мерка со „Фајзер“.

Покрај Врање, бесплатната вакцинација денеска продолжи и во Ниш, каде повеќето од македонските граѓани се одлучиле да ја примат вакцината на „Фајзер“.

Дневната бројка на вакцинирани е од 50 до 100 лица. За десет дена треба да пристигнат за ревакцинација оние што пред три месеци се вакцинираа со „Астра Зенека“, кога се очекуваат околу 5.700 лица.

Според неофицијални информации само тогаш во првиот бран во Белград, Ниш и Врање се вакцинираа над 15.000 наши граѓани. Оттогаш во повеќе наврати беа организирани групи за вакцинација, но точниот број не е познат, бидејќи српските власти се уште не ни ги доставиле податоците за вакцинираните.

Претходна вестДобија таблети за онлајн настава на претпоследниот ден од учебната година
Следна вестПретпладне сончево, попладне можно е невреме со силен дожд