Добија таблети за онлајн настава на претпоследниот ден од учебната година

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и амбасадорот на Народна Република Кина, Жанг Ѕуо, денеска донираа 82 таблети за децата од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и подрачните училишта во с. Кишава, Битола.

Според Џафери, пандемијата од ковид-19 покажала дека иако институциите се еден чекор напред при планирањето на активностите, одредени предизвици доаѓаат ненајавено, а таков пример е потребата од следење на онлајн настава за децата, особено на децата од ранливи категории.

Ваква донација е секогаш добредојдена за земји како нашата, ако се знае дека онлајн наставата, иако беше извесна сепак, не фати неподготвени на стартот на учебната година. Така, голем број деца особено од ранливите категории мораа да се прилагодуваат на учењето на далечина во услови кога немаат компјутери, таблети или мобилни телефони – со печатени материјали и со следење настава на ТВ.

Она што во оваа ситуација може да се забележи дека дел од овие деца ги добија таблетите на претпоследниот ден од учебната година.

За Џафери тие ќе можат да се користат веројатно следната година.

Претходна вестАлбанија: Парламентот го разреши претседателот на државата Мета
Следна вестМакедонски вакцина – туризам: Во Врање по „Синофарм“, во Ниш по „Фајзер“