Од скромност ли Заев не кажува што успешно преговара со Софија?

Преговори, разговори, преговори, разговори… ова се најчестите зборови во Владата и медиумите. Македонија преговата со Бугарија, за да се постигнало компромис меѓу двата народа и за Македонија да добие датум за ЕУ.

Добро. Но голем дел од јавноста сака да знае што се преговара. Некои почнаа и да протестираат бидејќи сакаат да ги знаат насоките по кои се движат македонските преговарачи. Тоа сака да го знае и најголемата партија во парламентот – ВМРО-ДПМНЕ која и започна со протести.

Премиерот Зоран Заев не ја разбира ВМРО-ДПМНЕ и нивните блокади. Му пречат и блокадите, кои пречат навистина и на движењето низ Македонија. Но зошто сето тоа не го премавне со едно фино презентирање како одат тие преговори. Кој е тој фамозен „патоказ“.  

Како ќе се најде решение со Бугарија? Ја има ли Заев спасоносната формула? Го има ли вистинскиот „дрим тим“ со Османи, Владо Бучковски и советникот Денко Малевски?Го има ли вистинскиот патоказ или тој води кон минско поле?   

Според премиерот, на маса е португалскиот предлог, кој бил добра основа за решавање на спорните прашања, но тој предлог Софија го отфрли. Затоа останаа многу нејаснотии.   

Ако Заев, заедно со Османи, Димитров, Бучковски навистина нашле спасоносна формуила таа треба јавно да ја соопштат. Ако Заев е радосен, дека до 22 јуни наоѓаме решение и добиваме датум, дајте и ние да бидеме радосни. Не мора да биде скромен кога постигнува успеси, нека се пофали.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев со нов данок трајно го поскапува дизелот за 4 денари
Следна вестСе сечат зелени дрвја на„Орце Николов“, ќе се саделе уште позелени