Еден починат, 18 нови заразени – вкупно 437 лица во државава во моментов имаат ковид

Во последните 24 часа направени се 2.411 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 18 нови случаи, информираше Министерството за здравство.

Новите случаи се во: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Пријавено е 1 починато лице од Скопје (61г) – починато во болнички услови.

Регистрирани се 31 оздравен пациент

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437, од кои 208 во Скопје.

Претходна вестГром удри во далновод, делови од Центар, Кисела Вода, Карпош без струја
Следна вестГраѓаните на Западен Балкан ќе почекаат на слободно патуување во ЕУ