Без струја утре повеќе делови од Кисела Вода, Центар и Карпош

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода, Центар и Карпош, соопштија од ЕВН.

Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците: Томе Стефановски и Славка Димкова во нас. Драчево, (Општина Кисела Вода).

Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 166, (Општина Центар), а од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од делови од улиците: Иван Цанкар, Бела Краина и Франц Месеснел во населба Влае, (Општина Карпош).

Од 09:00 до 13:00 часот, без напојување со електрична енергеија ќе бидат корисниците од ул. Петар Поп Арсов бр. 40, (Општина Центар), од 09:15 до 13:30 часот, корисниците од ул. Радика, зграда број 1 и ул. Огражден, згради број 1, 2 и 3, (Општина Карпош), а од 11:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Франц Прешерн (Општина Карпош), информират од ЕВН.

Претходна вестГраѓаните на Западен Балкан ќе почекаат на слободно патуување во ЕУ
Следна вестВо државава со години нема доволно инспектори, утврдила ревизијата