Темен режим Режим на светлина

Албански државјанин со 400 денари се обидел да поткупи полицајци за да го пуштат да пренесе дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против 40-годишниот албански државјанин кој вчера се обиде да поткупи полицајци за да избегне контрола во камионот во кој пренесувал 50 килограми марихуана за Грција.

Тој вчера околу 1:00 часот,на патниот правец Прилеп – Градско, бил запрен од сообраќајна контрола и кога ја давал документацијата кон полициските службеници, ставил 400 денари поткуп. Иако бил предупреден да не го прави тоа, тој повторно се обидел да им ги подметне парите.

При прегледот на возилото, во полуприколката пронашле 48,063 кг марихуана спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.

Основниот суд Прилеп на осомниченниот му определи притвор во траење од 30 дена.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вакцинацијата никако да земе залет - вчера прва доза примиле само 1.450 лица

Следна објава

Судбината на рисот во Македонија: Го имаме, не знаеме да го заштитиме