Темен режим Режим на светлина

За Германија, Македонија веќе не е ризична земја за патување

Германија ги отстрани Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора од „црвената листа“ на земји ризични за патувања поради корона вирусот.

Поради намалувањето на бројот на нови случаи на инфекци, Институтот „Роберт Кох“отстрани неколку земји од списокот на ризични земји, вклучувајќи ги Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар.

Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во Германија, односно ги отстранува сите епидемиолошки „пречки“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Секој месец плус 200 денари за основни трошоци - до крај на година не не „крпат“ три плати

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Утре променливо облачно, но со високи температури