Ѓоргиев: Не можеме да прифатиме државата на Цар Самуил да се претстави како единствен и директен наследник на бугарското царство

Апсолутно неприфатливо е политиката да ги решава историските спорови или историчарите да ги решаат политичките спорови, изјави Драги Ѓорѓиев, , копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

Комисијата вчера одржа онлајн состанок на кој не беше постигнат напредокот во работата.

Според него, самокритичноста е основниот елемент кој ќе може да не придвижи напред, а не идејата дека ние ја поседуваме историската вистина за што било, и другата страна мора да ја прифати таа вистина.

-Тоа е патот кој не води никаде. Отсекогаш имало политизирање на историјата или историцизирање на политиката на Балканот и тоа е еден од големите недостатоци на нашите историографии, па дури и во учебниците по историја отсекогаш определени личности и настани од минатото се митологизираат. Се прават митови од нив кои потоа се злоупотребуваат политички, потенцира Ѓоргиев .

Тој посочи дека разговорите заглавиле околу учебниците по историја за 7-мо одделение.

-Дебатата е за средниот век, односно за претставувањето на државата на Цар Самуил во македонските учебници. Досега постигнавме договор за заедничкото чествување на царот, но втор сегмент е работата на учебниците. Не можеме да прифатиме да се претстави таа држава како единствен и директен наследник на бугарското царство, рече Ѓоргиев.

Македонската страната, како што велат, денеска дала предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и применливи.

Претходна вестОблачно, попладне со локален пороен дожд
Следна вестНа кеј денеска хуманитарна трка за помош на онколошкото одделение на Детската клиника