Облачно, попладне со локален пороен дожд

Променливо облачно време со нестабилност и пороен дожд е денешнеата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи за скопското подраче. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени а дневната ќе достигне околу 29 целзиусови степени.

Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува и на другите подрачја во земјава. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. УВ=7.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Маврово 18 степени, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 21, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 30.

Утре ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 31 степен. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе ги намали дневните температури за неколку степени.

Претходна вестПремиера на „Супербајкастично“ вечерва во Театар за деца и младинци
Следна вестЃоргиев: Не можеме да прифатиме државата на Цар Самуил да се претстави како единствен и директен наследник на бугарското царство