Темен режим Режим на светлина

Во Скопје вчера биле казнети 189 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила, 53 санкции за непрописно паркирање.

Содржината продолжува после огласот

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Германија ја тргна Македонија од листа на ризични ковид - држави

Следна објава

Каков комплимент: ЕСПН го прогласи дресот на Македонија за најубав на ЕП