В недела ќе се трча низ Скопје, дел од улиците ќе бидат затворени

В недела, од 7 до 10 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км „Халк Еко Скопје трча 10К 2021“, со траса на движење од бул.„Илинден“ (во двете насоки) од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ (Фонтана Градски парк) до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево по ул.„Никола Парапунов“ десно по бул.„Партизански oдреди“ до крстосница со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко) полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“ (во насока кон Сити мол) до крстосница со ул.„Љубљанска“, полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Илинден“ до целта (Фонтана Градски парк) во Скопје.

Поради ова, ќе има посебен сообраќаен режим, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Претходна вестВерувале или не: Најава дека пругата Скопје-Софија ќе почне да се гради годинава
Следна вестВ понеделник, прскање против комарци во Скопје – пчеларите да преземат мерки