Темен режим Режим на светлина

Верувале или не: Најава дека пругата Скопје-Софија ќе почне да се гради годинава

Генералниот директор на ЈП за железничка инфраструктура „Железници“, Хари Локвенец и Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за железна и патна инфраструктура на Бугарија денеска во Скопје најавија почеток на изградбата на пругата Скопје-Софија во текот на оваа година.

Од она што го изјавија, се дознава дека привршува тендерската постапка за избор на изведувач и дека се обезбедени вкупно 165 милиони евра, а очекувањата се за 3-4 месеци веќе да се гради.

Локвенец и Папукчиски заедно го посетија градилиштето, делот од Коридорот 8, Режановце, првата делница од Куманово до границата со Бугарија.

-Да си посакаме плодна работа и да се потсетиме дека при изградбата на железничките пруги нашите предци знаеја дека градат историја“, рече Папукчиски, за проектот кој се најавува три децении.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со автомобил удрил полицаец на Бит Пазар

Следна објава

В недела ќе се трча низ Скопје, дел од улиците ќе бидат затворени