В понеделник, прскање против комарци во Скопје – пчеларите да преземат мерки

На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестВ недела ќе се трча низ Скопје, дел од улиците ќе бидат затворени
Следна вестСо розови очила за загадувањето: Дали е ова истиот град во кој живееме со Шилегов?!