Со автомобил удрил полицаец на Бит Пазар

Дваесет и четиригодишен скопјанец со автомобил удрил во полицаец кај Бит Пазар.

Според информациите на МВР, вчера на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го привеле М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со автомобил „мерцедес“ удрил полициски службеник.

Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестУтре променливо облачно, но со високи температури
Следна вестВерувале или не: Најава дека пругата Скопје-Софија ќе почне да се гради годинава