Осум фирми на диво разнесувале поштенски пратки

Агенцијата за пошти во текот на оваа година открила осум диви поштенски компании.

Досега кај две од нив се констатирани прекршоци, а останатите се „чешлаат“ и ќе бидат преземени соодветни мерки и санкции.

Од почетокот на 2021 година до Агенцијата биле поднесени вкупно 30 претставки од корисниците на поштенските услуги, што е двојно зголемен број во однос на изминатите години.

Во 15 претставки подносителите барале информација за тоа на кој начин можат да ги остварат законсите права, во три бараат препораки за тоа како да постапат во случај кога пратките не се доставени, во четири претставки се бара информација за статусот на пратките, во три корисниците бараат обештетување по различен основ и во една претставка подносителот информира за онлајн измама.

Претходна вестДвајца починати и 20 нови заразени – во седум града нема ниту еден активен случај
Следна вестСекој месец плус 200 денари за основни трошоци – до крај на година не не „крпат“ три плати