Комитет на министри на Совет на Европа: Бугарија до 1 декември да објасни зошто не го регистрира ОМО „Илинден“

Комитетот на министри на Советот на Европа, во врска со пресудите во предметите на ОМО „Илинден“ и други против Бугарија, изразува длабока загриженост дека повеќе од 15 години по изречената пресуда за оваа група, редовно им се одбива да бидат регистрирани.

Комитетот бара од бугарските власти да обезбедат информации за овие прашања до 1 декември 2021 година.

Во одлуката, Комитетот на министри на Советот на Европа потсетува дека оваа група случаи се однесуваат на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија кои имаат за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија, одбивања засновани врз разгледување на националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (претпоставени сепаратистички идеи) и уставна забрана за здруженија кои извршуваат политички цели, како и непочитување на формалните законски барања.

Комитетот на министри во својата одлука изразува длабока загриженост дека, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција, при последното испитување на овие случаи, најновите апликации за регистрација иницирани од здруженијата на апликантите откриваат нови проблеми поврзани со навидум неконзистентна апликација на формалните законски барања или се потпираат на основи поврзани со целите на здруженијата што ги бараат, пристап кој постојано беше критикуван од Европскиот суд.

Комитетот ги покани бугарските власти да ги разјаснат постоењето и влијанието на практиката која се состои во тоа што здруженијата се обврзуваат да се регистрираат според статутот на здруженија од јавен интерес.

Претходна вестТројца нови со ковид примени во болница во Скопје за 24 часа
Следна вестВакцинацијата продолжува со темпо на полжав – вчера прва доза примиле само 1.391 лице