Темен режим Режим на светлина

Тројца нови со ковид примени во болница во Скопје за 24 часа

Во последното деноноќие во Скопје се хоспитализирани тројца нови пациенти поради компликации од ковид-19, а исто толку се излекувани и се пуштени дома.

Со тоа вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат во болниците низ државата изнесува 121. Од нив, 48 се во ковид-центрите во главниот град, а останатите 73 се во болниците во внатрешноста.

Бројот на слободни кревети, пак, е околу 500.

Во Скопје повеќе од половина од пациентите или 28 се на Инфективната клиника. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 15, а на Институтот за ТБЦ 5.

Извештаите од болниците во другите градови покажуваат дека има по неколку пациенти.

Единствено двоцифрени бројки на хоспитализирани има во кумановската – 15 и велешката болница – 11.

Во болницата во Струмица се лекуваат 9 пациенти, Гостивар 8, Битола и Охрид по 7, Штип 5, Струга 4, Прилеп 3, а во Тетово и Кичево по 2. Во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани пациенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се сечат зелени дрвја на„Орце Николов“, ќе се саделе уште позелени

Следна објава

Комитет на министри на Совет на Европа: Бугарија до 1 декември да објасни зошто не го регистрира ОМО „Илинден“