Убава идеја: Реновирана мини зоолошката градина во средното ветеринарно училиште

Во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје отворена е реновираната мини зоолошка градина – ЗОО Парк.

ЗОО Паркот и системот за аквапоник се наоѓаат во дворот на средното училиште, каде има повеќе од триесет различни видови животни.

Оваа зоолошка градина во дворот на училиштето постои веќе повеќе години, и е дел од практична настава за учениците, а од денеска таа официјално ќе биде отворена за сите посетители.

Влезот е слободен, но одлучено е сепак секој што сака да ја посети да донира симболична сума.

Претходна вестВакцинацијата продолжува со темпо на полжав – вчера прва доза примиле само 1.391 лице
Следна вестБајден наскоро во Брисел – ќе инсистира ЕУ да ги почне преговорите со Македонија и Албанија