Бајден наскоро во Брисел – ќе инсистира ЕУ да ги почне преговорите со Македонија и Албанија

Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател, Џо Бајден, со лидерите на ЕУ следната недела во Брисел, пренесува РТС, повикувајќи се на европски дипломатски извори.

-САД и ЕУ ќе го зајакнат својот заеднички ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и поддршката за клучните реформи во рамките на европската интеграција, се наведува во нацрт-заедничката декларација, која може да се промени до состанокот на 15 јуни во Брисел.

Дипломатски извори во Брисел велат дека САД ја охрабрува ЕУ конечно да ги отвори преговорите со Македонија и Албанија, имајќи предвид дека кредибилна политика на проширување на ЕУ е исто така во американски стратешки интерес.

Главната цел на првата посета на претседателот, Џо Бајден на Европа од почетокот на неговиот мандат ќе биде „обновување на трансатлантското партнерство“ и создавање на заедничка агенда за постпандемискиот период.

Претходна вестУбава идеја: Реновирана мини зоолошката градина во средното ветеринарно училиште
Следна вестЛабаво си возел 50 кила марихуана кон Грција – дури се обидел и да ги поткупи полицајците да не го „тресат“