Темен режим Режим на светлина

За неколку дена ќе може да патуваме во ЕУ, но само вакцинирани или „негативни“

Амбасадорите на ЕУ денеска се согласија дека за Македонија, Албанија и Србија треба да се укинат рестрикциите за несуштински патувања, одлуката треба да биде официјализирана во следните денови.

Оваа информација ја потврдија денеска од португалското претседателство по средбата на амбасадорите на ЕУ во Брисел (КОРЕПЕР).

Одлуката сега треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи на сила, најверојатно во петок. Прашањето е техничко и не би требало да покрене каков било политички проблем.

Останува дека и за несуштински патувања, лицата од овие три земји треба да бидат или целосно вакцинирани со вакцина одобрена од страна на ЕУ или на Светската здравствена организација, или да приложат негативен ПЦР тест.

На почетокот на пандемијата, сите земји на ЕУ, освен Ирска, забранија несуштинско патување, освен во одредени околности. Државите што не се членки на ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Швајцарија и Исланд, исто така учествуваа во забраната за влез.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево и потопло со температури до 31 степен

Следна објава

Двојно повеќе апликации од ваучери за домашен туризам, огласот завршува денеска