Албанија: Парламентот го разреши претседателот на државата Мета

Со 104 гласа „за“ седум „против“ и три воздржани албанскиот Парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во речиси 30 години плурализам во земјата.

Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкената комисија за пркршувањата на уставните надлежности од страна на Мета.

Гласањето беше тајно и по двете прашања.

Парламентот има 140 пратеници, но по откажувањето од пратеничките мандати на пратениците од опозициските Демнократска партија и Движењето за социјалистичка интеграција, има само 122 пратеници, а за разрешувањето гласале 114. .

Во обемниот извештај од стотина страници, Анкетната комисија ги анализира транскриптите од сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, и дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Одлуката на законодавнот дом сега оди во Уставниот суд кој треба да се изјасни во рок од три месеци.

Мандатот на Мета завршува на 24 јули 2022 година.

Претходна вестЧетири компании остануваат без лиценци за увоз на мазут, следен за контрола е увозот на бензин и дизел
Следна вестДобија таблети за онлајн настава на претпоследниот ден од учебната година