Четири компании остануваат без лиценци за увоз на мазут, следен за контрола е увозот на бензин и дизел

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) почна постапка за одземање на лиценци на носителите на лиценца за трговија со нафтени деривати, а пред се на мазут на големо и тоа на РКМ ДООЕЛ Скопје, Супер трејд ДООЕЛ увоз извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје и ЛИЛ Оил ДБ ДООЕЛ увоз – извоз Кавадарци поради непоседување оперативни резерви на мазут.

Првиот човек на РЕК Марко Бислимовски на прес-конферецијата рече дека ова произлегува од извештајот на Државниот пазарен инспекторат.

Евротим ДПИ има забрана за пуштање во промет на мазутот којшто се поседува во нивните резервоари и тоа е направено поради земање мостра од страна на ДПИ и е под целосен мониторинг на РКЕ и не смее да врши никакви тргувања на пазарот на големо за мазут, а откако ќе се добијат податоците од ДПИ за квалитетот на мострата што е земена, РКЕ ќе продолжи со соодветни постапки согласно своите надлежности што ги има утврдено  во Законот за енергетика.

Бислимоски ги повика сите компании носители на лиценци за трговија со бензин, дизел, екстралесно гориво и ТНГ да започнат да си ги обезбедуваат оперативните резерви како што е пропишано со Правилникот којшто е донесен на 26 април 2021 година, бидејќи доколку ДПИ при контрола увиди дека ги немаат соодветните оперативни резерви и за нив ќе започне постапка за одземање на лиценцата.

Претходна вестПочинаа уште пет лица, вкупно досега ковидот покосил 5.467 луѓе
Следна вестАлбанија: Парламентот го разреши претседателот на државата Мета