Починаа уште пет лица, вкупно досега ковидот покосил 5.467 луѓе

Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица:  3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 23 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451, од кои 212 во Скопје.

Претходна вест„Недела неработен ден“ оди на Уставен – за „Гласен текстилец“ тоа е манипулација
Следна вестЧетири компании остануваат без лиценци за увоз на мазут, следен за контрола е увозот на бензин и дизел