„Недела неработен ден“ оди на Уставен – за „Гласен текстилец“ тоа е манипулација

„Гласен текстилец“ од Штип, здружение кое се бори за правата на текстилните работници и низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден, смета дека вчера промовираното решение за недела – неработен ден кое треба да стартува од 1 октомври е класична манипулација.

Кристина Ампева тоа со објаснува со податокот дека освен 37 дејности кои можат да работат во недела, во законот нема дадено и автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела. Па така, можат да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот, вели Ампева.

Со ова ќе се овозможи злоупотреби од страна на одредени работодавци.

Според здружението, решение за компаниите навистина да го почитуваат недела како неработен ден е конечно  да се поврзат електронски за евиденција на работното време со УЈП. Поради ова „Гласен текстилец“ заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд.

Претходна вестЌе беше попаметно ако паметното осветлување на Шилегов почнеше пред 4 години
Следна вестПочинаа уште пет лица, вкупно досега ковидот покосил 5.467 луѓе