Претпладне сончево, попладне можно е невреме со силен дожд

Во Скопје денес времето ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Времето во другите делови на Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

 

До недела велат од УХМР, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Претходна вестМакедонски вакцина – туризам: Во Врање по „Синофарм“, во Ниш по „Фајзер“
Следна вестЗаконот нејасен, кои „придружни дејности“ ќе можат да работат во недела?