Од вечерва на полноќ ќе се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто во однос на досегашните малопродажни цени со што зголемувањето е од 0,5 до 1 денар, реши Регулаторна комисија за енергетика.
Цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на бензионот ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на маслото за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е В) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на овој бензин ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 53,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.