Починаа 3 пациенти од вирусот, новозаразени се 88 лица

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук. Најголем дел од случаите се во Скопје – 30, а потоа следуваат: Куманово 8, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 5, Тетово 3, Струга 11, Велес 1, Битола 1, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 1, Пробиштип 1, Кратово 1, Свети Николе 1 и Кичево 8 лица.

-Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип, се наведува во објавата.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје 70, Штип 6, Прилеп 4,Тетово 31, Велес 3, Кочани 2, Пробиштип 1, Кичево 1, Ресен 4 и Неготино 1 лице.

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486, се наведува во информацијата.

Претходна вестЦените на горивата со ново поскапување
Следна вестКосово воведе задолжителен ПСР тест за македонски државјани