Цените на горивата со ново поскапување

Од вечерва на полноќ ќе се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто во однос на досегашните малопродажни цени со што зголемувањето е од 0,5 до 1 денар, реши Регулаторна комисија за енергетика.

Цените на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на бензионот ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на маслото за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е В) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на овој бензин ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.

Претходна вестЌе возиме поспокојно по патиштата или шверцот на мигранти ќе дивее правејќи сообраќајки?
Следна вестПочинаа 3 пациенти од вирусот, новозаразени се 88 лица