Косово воведе задолжителен ПСР тест за македонски државјани

Обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, но и на Црна Гора и Босна и Херцеговина воведе денеска Владата на Косово.

На денешната седница на косовската Влада одлучено е дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од Ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари” во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест.

Превозниците кои влегуваат во Косово од споменатите земји немаат потреба од тестот РТ-ПЦР, но треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен превоз. И организираните превозници на патници со автобуски или меѓународни транзитни линии од тие земји не треба да приложуваат уверение за негативен тест, но треба да потпишат изјава дека се обврзуваат да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Претходна вестПочинаа 3 пациенти од вирусот, новозаразени се 88 лица
Следна вестСтудирајќи на „Принстон“ увидов што е најважно за еден талент да успее