Бројот на активно болни лица на скопското подрачје нагло се зголеми откако во изминатово деноноќие имаше рекордно многу новозаразени во Македонија. Во Скопје се дури 182 новоинфицирани лица. Со тоа бројот на заболените сега изнесува 1.166 лица, а досега вкупно инфицирани 7.724.
Најголемо зголемување е забележано во скопските општини Цетар и Аеродром каде сега има 210 односно, 208 активно болни случаеви. Се поблиску е и општина Карпош во која болни се 180 лица заразени од Ковид 19.
По нив следат општините Гази Баба со 126 заболени, Кисела Вода 131, Ѓорче Петров – 93, Чаир – 66, Бутел – 49, Шуто Оризари – 15 и Сарај – 14.
Во Студеничани има 4 заболени, во Арачиново – 5, Илинден – 31, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 4, Петровец – 8, Зелениково – 3 а има и Странец – 10 и Нераспределен – 6.