Црна Гора ги отвора границите за македонските државјани

Македонските државјани најверојатно веќе од утре ќе можат да влегуваат во Црна Гора под условите кои денеска ќе бидат дефинирани од надлежните црногорски органи. Ова го најави Бобан Мугоша, Директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје.

Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре, објави Мугоса, пренесува порталот „Цдм.ме“, додавајќи дека состојбата се подобрува во овие земји.

Според него, денес ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји. Дали и какви тестови ќе се прават при влез во земјата.

Одлуката да се отворат границите со овие земји е на барање на туристичката заедница.

Претходна вестПриведен тетовец за двете запалени возила на ЕВН
Следна вестМаскирани со фантомки при грабеж убија жител на Инџиково