Синоќа во 21:45 часот, во село Пештани, полицијата од Охрид го привела В. Р. Ј. (31) од Холандија. Тој агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош и оштетил дел од опремата на амбулантното возило.
Потоа се обидел физички да нападне полицаец кој бил на должност.
Полицијата информира дека против него е поднесена соодветна пријава.