Убаво, над 1.000 садници денес засадени во парковите низ Кисела Вода

По повод Денот на пролетта, денеска над 1.000 садници се садат во Кисела Вода. Багреми, туи, цреши, брези и сливи ќе бидат засадени во парковите „Оксиген“, „Феникс“, во Усје кај крстот, во Пинтија, каде што се гради нов плоштад и во Расадник, извести Општина Кисела Вода.

Во сето ова учествува и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој утрово садеше во паркот што се гради до улицата Пушкинова. Во тимот што денес пошумува е и Стефан, лицето со Даунов синдром, вработено во Општина Кисела Вода. Работно и со дружба во Кисела Вода се одбележува и денешниот 21 Март, Светски ден на лицата со Даунов синдром.

– Денес засадуваме над 1.000 дрвца, а паралелно еколошката акција се одвива и во нашите основни училишта. Многу ме радува што во тимот што денес сади со мене е нашиот Стефан, кој како прво лице со Даунов синдром вработено во која било општина повеќе од една година успешно работи во Кисела Вода. Денес, кога овие лица го одбележуваат својот ден, сакам да упатам јасна порака дека лицата со Даунов синдром не смее да бидат маргинализирани, дека заслужуваат шанса да работат и дa придонесуваат за доброто на општеството, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Претходна вестЖан Пјер Симеон добитник на „Златен венец“, Катрин Пиц на наградата „Мостови на Струга“
Следна вестПочесто треба вака: Извидници, волонтери и министерот Николовски садеа 5.000 дрвца кај Свети Николе