Феноменалниот македонски пијанист Симон Трпчески и оваа година ја продолжува успешната музичка приказна – „Македонисимо“. Имено, тој на 13 јануари во салата „Рение Трети“ во Монте Карло, заедно со Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александар Сомов и Влатко Нушев ќе ги изведе музичките дела базирани врз традиционалната македонска музика.
Транскрипции на сето тоа, по идеја на Трпчески, ги потпишува нашиот истакнат композитор Панде Шахов.
Првиот беше заедничката изведба на Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов во минатиот октомври, а по саботното гостување, како што информира „КултурОп“, остануваат уште две концертни вечери со различна програма до крајот на пролетта.
Инаку, по високите оценки од „Тајмс“ и „Грамофон“, пет ѕвездички за изведбата и одлична рецензија на новиот двоен албум снимен за британската етикета „Лин Рекордс“, каде Симон Трпчески повторно обединет со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, ги изведува двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс, во своето издание за јануари 2024 година, објави престижниот „Би-би-си музички магазин“.