Убаво: Студенти на Медицински факултет ќе доделат оксиметри и аспиратори за Детската клиника

Студенти на Медицинскиот факултет денеска ќе доделат оксиметри и аспиратори за Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

– Изминатиот период, студентите од Медицинскиот факултет при Македонската медицинска студентска асоцијација, по четиринаесетти пат го организираа хуманитарниот проектот „СОС – Дедо Мраз“ во Скопје. Благодарение на хуманоста на граѓаните, собрани беа артикли, се направија новогодишни пакетчиња и се подарија на децата на коишто им беа најпотребни, домовите без родители во Скопје, болните дечиња и едукативните центри со деца од ранлива категорија. Дел од средствата што ни останаа, ги пренаменивме за пулс оксиметри и аспиратори за Детската клиника, се појаснува во нивното соопштение.

Пулс оксиметри и аспиратори, како што е најавено, ќе се доделуваат во присуство на директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска – Чолаковска, професор доктор Соња Бојаџиева, професор доктор Констандина Кузевска – Манева и друг персонал од клиниката. Во соопштението се изразува надеж оти овој настан, уште долги години ќе функционира како и досега.

Претходна вестТрамп: Чест ми е поддршката од Де Сантис, за да го победиме Бајден, најкорумпираниот претседател во историјата на САД
Следна вестЌе може ли со потврда од МВР дека си фотографиран да се патува во странство?