Ученик истакнал албанско знаме во дворот на училиште во Велес

Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес. Случајот во полиција го пријавил директорот на училиштето.

– Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор. Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска.

Претходна вест„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино и Дијана Имери
Следна вестПретставникот на САД О’Брајан: Русија продолжува да ги прекршува принципите на ОБСЕ