Угостителите од денеска ќе работат до 21 часот, но нивните проблеми остануваат

Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19.

Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот. Независната угостителска комора, пак, чека покана за средба со Владата на која и дава рок до 25 јануари да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија.

Откако Владата вчера објави дека ја донела со првата мерка од петтиот антикризен пакет од НУК соопштија дека им подарила на „локомотивите” – членки на Стопанската комора на Македонија 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа.

– Ги потсетуваме и министрите и Владата дека од сите индустрии кои добија поддршка и помош од постојните сет економски мерки, само за угостителската индустрија континуирано се носат препораки и протоколи придружени со ограничувања за работно време, со што не само што се нанесува директна материјална штета туку страда и целокупната угостителска индустрија заедно со сите вработени во неа – велат од Независната угостителска комора.

Претходна вестВиртуелен роденден на уметноста слави МКЦ во петок
Следна вестПромени во ракометната репрезентацијата требаше да направиме пред 5 – 6 години