Виртуелен роденден на уметноста слави МКЦ во петок

Утре, со почеток од 18 часот, Младинскиот културен центар организира виртуелен роденден на уметноста.
-По сето сработено во изминатата 2020, по толку многу онлајн-настани, по речиси целосно „дигитализирање“ и на културата и на нашите животи, решивме ова издание на Роденденот да го одбележиме со еден избор од онлајн-настани организирани од/во МКЦ, во текот на 2020 година. Нормално, со надеж дека 2021 ќе ни донесе нормализирање на ситуацијата и враќање на публиката во живо, велат од МКЦ.
На роденденскиот репертоар се проектите #CrossШtream, #КултураВоВремеНаКорона, #EuropeanMusicDay, кратки филмови од Makedox, Flipbook film festival и Cinedays.

Претходна вестШто се случи со кривичната пријава околу дивоградбата кај Мавровка?
Следна вестУгостителите од денеска ќе работат до 21 часот, но нивните проблеми остануваат