Угостителски објект во Франгово работел по 23 часот

Угостителски објект во струшкото село Франгово синоќа не ја почитувал одлуката за ограничено работно време.

СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера реализирал контроли по угостителските објекти, а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време до 23 часот.

„Непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село“, информираа денеска од полицијата.

Против него од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат бил изготвен записник и соодветна пријава.

Претходна вестЗа еден час над 60 казни во Делчево и Берово
Следна вестПочинаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени