Украина работи на подобрување на одбранбените линии околу Киев, за да ја зацврсти одбрана на главниот град пред евентуална нова руска офанзива. Цврсти одбранбени структури за киевските одбранбени сили се градат периодов, во соработка со Кијевската регионална воена управа, јавува Укринформ.
Армирано-бетонските подземни структури со простор за сместување на одбранбените сили на Киев се поставуваат на сите потенцијални рути за напредување на непријателот кон Киев, објавија украинските власти.
Во понатамошните работи за уредување, таквите структури ќе овозможат да се обезбеди ефективна и безбедна работа на командните и набљудувачките пунктови, како и упориштата на водовите и четите, објави командантот на одбранбените сили на Киев, Олександр Пављук.