Поминаа речиси две години откако започна Руската инвазија врз Украина. Војната однесе стотици жртви, а целосно опустоши многу градови и населени места.
– Украина го нападна и уништи рускиот воен брод „Цезар Куников“ во Црното Море. Операцијата врз рускиот десантен брод ја извела украинската воена разузнавачка агенција ГУР, како дел од заеднички активности, стои во денешното соопштение на официјални претставници на Киев.
Во нападот учествувале беспилотни летала „Магура“ кои го оштетиле бродот до степен да не може да се поправи и според официјален украински претставник, „Цезар Куников“ потонал во Црното Море.
Руската страна сè уште е без официјален коментар, иако украинската веќе почна да споделува снимки од нападот врз десантниот брод.
– Единици на руската армија се обидоа да изведат спасувачка операција во која беа вклучени чамци и подморница додека два хеликоптера Ми-8 се забележани како летаат кон и од местото на настанот, се заклучува во соопштението на официјални украински претставници.