Украинските трупи користеа ракети ХИМАРС, обезбедени од САД, за уништување на напреден систем за воздушна одбрана на територијата на Русија. Како што пренесува „Дејли Телеграф“, според извештаите, погоден е системот за противвоздушна одбрана во рускиот град Белгород, кој бил опремен со ракети земја-воздух С-300 или С-400.
-Прекрасно изгоре. Тоа е руски С-300, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје испратено од Западот на непријателска територија, објави на Фејсбук министерката на украинската влада Ирина Верешчук и го прикачи наводниот напади со слики.
Британскиот весник наведува дека Кремљ го предупредил Вашингтон дека САД ќе доживеат „фатални последици“ поради поддршката на Киев во извршувањето на напади преку украинско-руската граница.
-Би сакал да ги предупредам американските лидери дека погрешните пресметки може да имаат фатални последици. Тие, од за мене непознати причини, ја потценуваат сериозноста на нашиот одговор на таквиот потег, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Засега не е познато дали украинските сили го таргетирале рускиот ракетен систем со оружје што било доставено од САД.
Покрај САД и Германија, дозвола за употреба на оружје на територијата на Русија дадоа и Франција, Британија и некои други европски земји. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина треба да има право да гаѓа цели во Русија од кои се вршат напади на украинска територија.
На почетокот на минатата недела Парламентарното собрание на НАТО усвои декларација со која се повикува на укинување на ограничувањата за употребата на западното оружје од Украина. Во него се наведува дека правото на Украина на самоодбрана го вклучува правото на напад на легитимни цели надвор од нејзината земја.
Франција, Холандија, Естонија, Литванија, Полска, Шведска, САД и Велика Британија ја поддржаа одлуката. Италија првично се спротивстави на резолуцијата, но на крајот го поддржа документот.