Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ

На сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје вечер и утре ќе биде одржан првиот фестивал на детски мјузикли. Детскиот културен центар „Карпош“ соопшти дека ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.

Вечер ќе биде изведена „Приказната за генијалната Матилда“, на македонски јазик од членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје, а утре „Кралот Лав“ од ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје изведба на англиски јазик.

Уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова. Главен покровител е Град Скопје, а организатор Детскиот културен центар – Карпош.

Изведбите започнуваат во 19.00 часот на двата дена во Кино Фросина при МКЦ. Онлајн билетите се достапни на веб-страницата на МКЦ.

Претходна вестУкраина употреби американска ракета за напад на Русија, Кремљ го предупреди Вашингтон за „фатални последици“
Следна вестБез вода жителите од улиците „Востаничка“ и „Св.Наум Охридски“